Студентите од Факултетот за музичка уметност при Универзитетот во Тетово се жалат на психичко насилство и малтретирање од страна на професорката Бесиана Мехмеди. Тие денеска излегоа на протест, а веќе три недели ги бојкотираат предавањата на професорката.
-Психичко насилство и систематското малтретирање преку навредливи зборови на секое предавања. Закани дека ќе нѐ фати за врат и следење што „лајкнувме“ и пишуваме на социјалните мрежи од страна на професорката Бесиана Мехмеди, се само дел од причините поради кои студентите од групата за музичка уметност при Универзитетот во Тетово веќе три недели ги бојкотираат предавањата по овој предмет.
Во својство на родител, во поддршка на студентите излезе и Ариф Зибери од групата Елита 5.
-Секој родител со свои жртви го носи своето дете да студира и да научи. Во крвта на професорката со години е да малтретира и навредува. Јас сум во тек и знам, бидејќи моето дете беше таму, а и другото исто така е таму. Го кренав гласот, отидов и на факултетот за да го пренесам овој проблем. Наидов на затворени врати. Не знам во што е работата. И се прашав себеси – дали навистина ова е над секој закон и секоја етика?!, вели Ариф Зибери родител.
-Бев студент и ја чекав четири часа за испит, но потоа го одложи за две недели. Самиот се соочував со психички тортури и мислам дека овие студенти имаат потреба од поддршка. Немој потоа да „плачат“ кога студентите ќе заминат на запад или кога ќе останеме без студенти, вели поранешен студент.
Деканот Нафи Јашари вели дека студентите имаат право на протест и уверува дека го разгледуваат случајот со професорката.
-Барањата се поднесени пред една недела. Тие се разгледуваат. Прашањето се разгледува и во рамките на статусот, и во Дисциплинска комисија. Дисциплинската комисија одржа и неколку седници и со професорката за да добие мислења и да го реши проблемот, вели Јашари.
Со реакција се јави и пратеничката од редовите на Алијанса за Албанците, Илире Даути.
-За жал, во однос на она што го зборуваат студентите, станува збор за менталитетот на заштитените вработени кои траат 20 години, а кои се, како што велиме ние – производ на политичкиот монизам.
Професорката Мехмеди, во изјава за медиуми ги отфрли сите обвинувања на нејзина адреса и порача дека вистината е сосема поинаква. Вели дека нема да влезе во расправа со студентите, бидејќи сѐ што имала, кажала пред надлежните органи, вели Даути од АА.
