ПСЖ во прво историско финале во Лигата на шампионите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тимот на Пари Сен Жермен е првиот финалист во овогодинешното издание во Лигата на шампионите. Францускиот тим на убедлив начин, со победа од 3:0 над Лајпциг, успеа да дојде до овој историски успех.

Маркињос, Ди Мариа и Бернат беа стрелци на головите за парискиот тим над Германците, кои немаа сила да му парираат на разиграниот протвник. На полувремето Французите имаа 2:0, а потоа само ставија печат на победата. Триумфот можеше да биде и поубедлив, со оглед дека ПСЖ два пати ја погоди стативата преку Нејмар.

ПСЖ во финалето го чека подобриот од дуелот од второто полуфинале меѓу Баерн Минхен и Лион кое се игра во среда навечер.

Финалето е во недела во Лисабон.