Инцидент денеска во Белград. Имало пукање пред израелската амбасада, каде што бил убиено едно лице. Според информациите, непознат напаѓач бил убиен од полициски службеник, 34-годишниот М.Ј. Тој наводно бил нападнат од лицето, па полицаецот во самодобрана го убил напаѓачот. Главен јавен обвинител на Српското јавно обвинителство излегол на местото на настанот.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека нападот на полицаецот пред израелската амбасада е терористички акт.
„Тој го одработувал својата должност на обезбедувањето на амбасадата на Израел во куќарката која се наоѓа пред Амбасадата. Непознато лице неколку пати му пришол на полицаецот, и го прашувал каде е музејот и слично, а потоа заминувал, па се враќа, ја отворил вратата и од кесата извадил пиштол и го ранил полицаецот. Тој од службениот пиштол испукал неколку куршуми во лицето, кое починало после 30 минути“, рече Дачиќ и додаде:
„Приведовме неколку лица превентивно кои се наоѓаа во близина на полициските објекти и заедно со безбедносните служби гледаме да го поврземе тој случај. Некои сомнителни околности се присутни, индиции постојат дека лицата се веќе познати на службите“, изјави Дачиќ.
Полицаецот кој пукал во лицето е пренесен во болница и веднаш подложен на операција.
