Во градот Фредерик, сојузна држава Мериленд, едно лице денеска застрелало и ранило двајца. Инцидентот се случил во објект на една компанија во технолошкиот парк Риверсајд во околината на градот.
Според полицијата во Фредерик, лицето потоа се одвезло до Форт Детрик каде што „вработените во базата“ употребиле оружје и го убиле.
Двете лица повредени во технлошкиот парк се во критична состојба и се однесени со хеликоптер во болница во Балтимор, јави Си-ен-ен.
Лицето вклучено во пукањето е на возраст од 38 години и работел како санитарец во морнаричката воена болница, изјавија подоцна од американската морнарица на Твитер. Полицијата и агенти сеуште работат на местот на настанот за да дознаат околу мотивите за нападот
Во последните неколку недели во САД се случија неколку пуконтици со повеќе жртви. На почетокот на март во Атланта во загинаа осум лица меѓу кои и шест жени со азиско потекло откако напаѓач отври оган во неколку спа салони. Пред две недели, пак во напад во супермаркет во Булдер, Колорадо, загинаа десет лица, вклучително и еден полицаец. И во двата случаи напаѓачите беа задржани од полицијата.
