Шест нелегални мигранти се повредени во прифатен центар во близина на Сараево за време на конфликт што избувна ноќта помеѓу понеделник и вторник, потврдија полициски и болнички извори.
Според достапните информации, во меѓусебната пресметка меѓу мигрантите било употребено огнено оружје, а полицијата веднаш реагирала и започнала потрага по други учесници во судирот и сведоци.
Полициските службеници пронашле шест повредени лица на местото на судирот во близина на прифатниот центар во Блажуј. Сите биле однесени во болница, каде лекарите утврдиле дека петмина од нив имаат сериозни повреди, а двајца од нив се во критична состојба поради сериозноста на повредите.
Полицијата потврди дека во судирот учествувале мигранти од Пакистан и Авганистан.
„Во моментов има неколку лица под статус на осомничени во МВР на округот Сараево“, изјави портпаролката на полицијата Мерсиха Новалиќ.
