19-годишно момче денеска е убиено, додека едно лице се наоѓа во критична сосојба во пукањето во Сиетл во САД.
Пукањето се случило во делот од градот каде што се оддржуваат протести против полициската бруталност и расизмот.
Утрото околу 2:30 часот по локално време дошло до инцидент а полицајците имаа тешкотии да дојдат до жртвите, затоа што биле спречени од учесниците на протестите.
Портпаролот на локалната болница изјавил дека околу три часот се донесени две машки лица, во кој едниот починал, а вториот се наоѓа во критична состојба.
Осомничените за нападот побегнале, и засега нема информации за нивниот идентитет.
