„Пулс“ нелегално пренаменет во дискотека: инспекторите можеле да го спречат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, во фокусот беше урбанистичката документација за објектот, пишува Скопје1.мк.

Вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ, која била дел од тимот што го изработил градежното вештачење, истакна дека според урбанистичко-планската документација на Кочани, на локацијата каде што се наоѓала дискотеката „Пулс“ не било дозволено пренаменување на индустриски објект во објект за угостителска дејност.

Според неа, согласно плановите од 1998 и 2013 година, зоната во која се наоѓал објектот била наменета за лесна индустрија и мало стопанство.

Според вештачењето, објектот се состоел од две згради. Првата била изградена во 1998 година како деловно-производен и продажен објект, додека пак втората била изградена без одобрение за градење, а во 2011 година била легализирана со намена за лесна и незагадувачка индустрија.

Според вештачењето, објектот бил со намена Г3 – сервиси, додека категоријата Б3, во која спаѓаат дискотеки и големи угостителски објекти, не била предвидена како компатибилна намена.

Извор: Скопје1.мк