Од ЈСП информираат дека билетот за едно возење е веќе пуштен во употреба.
Истиот може да се купи во сите автобуси, како и билетарниците, по цена од 50 денари.
Од таму велат дека цената на билетот е согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје.
Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори.
Цената на останатите видови билети останува непроменета.


