Првиот вицепремиер Артан Груби заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и собранискиот спикер, Талат Џафери околу половина час го чекаа премиерот Зоран Заев во ходникот на новиот објект на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Домаќините го пречекаа Премиерот кај вратата кој при влегување ја честиташе Новата Година.
Груби најпрво му даде збор на Заев. Заев рече дека ова министерство е важно за развојот и мултикултурализмот во земјава.
По говорот Заев му го даде микрофонот на Груби но овој му остави простор на Премиерот да одговори на новинарски прашања алудирајќи дека тој ќе зборува по Заев.
„Не прашања, јас после Вас. Може прашања и за двајцата потпретседатели и за мене“.
Но по се изгледа Груби се премисли. Не сакаше да каже ниту еден збор за отворањето на новиот објект со кој ќе раководи самиот тој.
„Нема потреба. Се кажа премиерот.“
Инаку Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците има задача да го одржи функционирањето на политичкиот систем и координација на поддршката на Владата во реализација на стратешките приоритети кои се однесуваат на задачите кои произлегуваат од Рамковниот договор.
