Пуштени во употреба новите донирани шест автобуси – никој не ги корегира грешките во натписите за кои ТВ21 предупреди!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шесте нови еко автобуси, донирани од Европската унија, кои беа промовирани на 26 ноември 2024 година пред бројни политичари и медиуми, од денеска конечно се пуштени во сообраќај.

По два месеци и една недела откако беа предадени на ЈСП Скопје, автобусите започнаа сообраќање на линиите 2, 4, 5, 7, 15, 16, 24 и 50.

Сепак, се чини дека натписите во нив повторно не се проверени бидејќи имаат грешки во натписите.

Па така, на налепниците во делот на „Итен излез“ на македонски јазик има синтаксичка грешка па така наместо „Во случај на итност скрши стакло“, на налепницата стои „Во случај на итна кршина чаша“.

И претходно ТВ21 објави за синтаксичка грешка па така наместо „Не потпирај се на врата“, требаше да биде „Не се потпирај на вратата“.

Правописна грешка имаше и кај натписот на албански јазик.

Тогаш се јавија и од Министерство за животна средина и просторно планирање од каде порачаа дека грешките ќе бидат исправени.

Тие истакнаа дека грешките биле веднаш воочени и изготвени биле нови налепници од страна на УНОПС, кои ќе биле заменети пред пуштањето во употреба на шестте еколошки автобуси.