Путин ја покани Украина на директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, без предуслови, на 15 мај во Истанбул.

„Предлагаме властите во Киев да ги продолжат преговорите кои беа прекинати на крајот на 2022 година, да продолжат со директни преговори, без никакви предуслови. Предлагаме да започнат без одлагање следниот четврток, на 15 мај, во Истанбул, каде што претходно се одржуваа и каде што беа прекинати“, рече Путин во обраќањето до медиумите.

Како што рече, лично ќе стапи во контакт со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за организирање преговори.