Работничката партија на Курдистан (ПКК), вооружена група која Турција и западните земји ја сметаат за терористичка, ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад утринава во Анкара.
Бомбаш-самоубиец активираше експлозивна направа во близина на Министерството за внатрешни работи во турскиот главен град Анкара во неделата, неколку часа пред почетокот на седницата на парламентот по летниот одмор.
Двајца припадници на полициските сили се полесно повредени, додека другиот напаѓач е убиен во размена на оган со полицијата, објави министерот Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс.
„Тимот на нашата Бесмртна бригада изврши пожртвувана акција против турското Министерство за внатрешни работи“, изјави ПКК за агенцијата ANF, која е блиска до забранетото курдско движење во Турција.
Анкара ја смета ПКК, која води децениски бунт во Турција, како и сојузничките курдски групи во Сирија и Ирак, за терористички организации. Се тврди дека членовите на ПКК редовно наоѓаат засолниште во полуавтономниот курдски регион во северен Ирак.
