Педесет и осумгодишен работник од Куманово бил повреден при извршување работни задачи во фабрика на улицата „11 Ноември“ во Куманово.
Од СВР Куманово соопштија дека на 1 октомври во полицијата било пријавено од Општата болница Куманово дека кај нив со повреди бил донесен 58-годишниот Ј.Ц. од Куманово.
Според пријавеното, работникот се здобил со повредите додека ги извршувал работните задачи во фабриката.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
