Работници блокираа канцеларија на УЈП – Протест на „Колска“: Стоп на распродажбата на имотот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Два часа вработените од фабриката за шински возила „Колска“ протестираа пред канцелариите на УЈП во Велес.

На овој начин го изразија незадоволството што УЈП решила присилно да го наплати долгот од 37 милиони денари, со продажба на дел од имотот на фабриката.

Вработените предупредуваат дека со затворањето на „Колска“, како единствена фабрика која во земјава врши поправка на патничките и товарни вагони, за истата намена во странство ќе се плаќаат неколку пати повисоки цени за истите услуги.

Вчера, ССМ пријавил до Државниот инспекторат за труд и побарал вонреден инспекциски надзор во „Колска“, оти се исплаќала плата од 15.200 денари што е под законскиот минимум од 18.000 денари.

„Слушнавме некоја изјава од штура вицепремиерот Битиќи. Таа изјава ние веќе ја знаеме година дена, дека раководството е виновно за се. Тој не објасни, не кажа дали има излез, дали може да го реши ова. Таа изјава ни е позната“, вели Тони Арсовски.

„Денес сме тука пред канцелариите на УЈП да покажеме дека никој не смее да го крши работничкиот имот. Ние ќе се исправиме и нема да го дозволиме тоа. Вчера ССМ ја пријави државата до инспекторатот за труд и бара да се изврши вонреден инспекциски народ поради тоа што се исплаќа минималната плата под законското решение, а тоа значи дека нашите работници добиваат под 18.000 денари“, посочи Дарко Димовски.