Рачна бомба е пронајдена денес околу 17 часот на детско игралиште во Нови Сад, пренесуваат српските медиуми.
Според мајката на едно од момчињата, децата играле на песок пред влез во зграда, кога едно од нив, копајќи дупка со лопата, пронашло тегла со рачна бомба.
Родителите веднаш повикале полиција, која излегла на терен и го пребарала местото, пренесува РТС:
Полицијата потврдила дека се работи за вистинска експлозивна направа, а според мајката на едно од момчињата, и било кажано дека се работи за офанзивна граната.
Од новосадската полиција за РТС потврдиле дека бомбата е земена, и дека на игралиштето во моментов е безбедно.
