Радев и Борисов го пофалија францускиот предлог, се очекува и билатералниот протокол, во кој Бугарија ги вметна барањата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Францускиот предлог е најдоброто нешто што сме го добиле досега, оцени бугарскиот претседател Румен Радев. Тој им порача на бугарските политичари да не избрзуваат да прославуваат историска победа бидејќи како што истакна важен дел во овој процес е билатералниот Протокол со Македонија кој би бил составен дел од преговарачката рамка, а во него Радев ги наведе бугарските барања.

„Промената на Уставот не е последната како некои тврдат, туку првиот чекор за патот на интеграцијата. Францускиот предлог како Преговарачка рамка. Но суштинската и вистинска заштита на бугарските интереси, на нашето културно-историско наследство, на промената на учебниците и таблите, на рехабилитација на жртвите, за спомениците и воопшто прекинување на процесот на дебугаризација зависи од содржината на тој двостран Протокол“, рече Радев.

Воедно и првиот човек на ГЕРБ Бојко Борисов рече дека францускиот предлог е добар, но ја обвини актуелната влада дека не направила ништо во врска со Протоколот кој се уште не е потпишан. Тој повика веднаш да се свика Министерскиот совет и да се даде предлог кој ќе биде доставен до Собранието. Петков да се охрабри и да достави предлог за Македонија до Собранието, а ние ќе го поддржиме, рече Борисов.

„Ако се престраши ќе има 59 пратеници, поддршка за давање зелено светло на Северна Македонија и Албанија. Така што да свика веднаш Министерски совет, да даде предлог, да дојде во парламентот,“ реќе Борисов.

Ваквата одлука на Борисов, на својот твитер профил ја поздрави еврокомесарот Оливер Вархеји.

„Благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ Бојко Борисов а историската олука за Европа и за Северна Македонија да ги прифати преговорите базирани на Францускиот предлог. Очекуваме Владата да го достави потребниот предлог до Парламентот денес, за Европа да може да се придвижи напред“, рече Вархеји.

Засега ниту од Министерството за надворешни работи, ниту од Владата не излегоа со коментар, каков ќе биде ставот на нашата земја.