Радуловиќ: Немам никакви докази дека на Боки му давав пари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На прашање од обвинителката Вилма Русковска дали семејството на Радуловиќ има било какви докази дека вонизминатите две години му давач пари на Боки тој одговори негативно.

“Немам никакви докази дека му давав пари на Боки, бидејќи му давав како на пријател”, рече сведокот Александар Радуловиќ во судница.

Радуловиќ заедно со неговата сопруга Марина Туцаковиќ ја финансирале 1ТВ од самата идеја па се до реализацијата и започнувањето на 1ТВ со работа.

Радуловиќ вели дека на крајот од месец февруари во 2019 година на Боки 13 во Србија му дал повеќе од 150.000 евра за облека и лекови кои Јовановски требалонда ги купи од Италија бидејќи требало да патува на модни настани.

Сопругот на писателката Марина Туцаковиќ сведочеше дека Боки 13 и неговата сопруга имале ист вкус за облека и носеле ист број, па така поради промена на килограми на Туцаковиќ морала да купи нова гардероба.

На прашање од адвокатот Сашко Дуковски дали тие пари се легално заработени, сведокот потврдно одговори.

Заврши сведочењето на Радуловиќ, побкратката пауза која ја даденсудијката Васка Николовска Масевска ќе се продолжи со изведување на материјалнини докази предложени од одбраната Бојан Јовановски.