Четири лица се спасени од трговскиот центар „Еон“ во Кумамото во Јапонија, кој делумно се урна по земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер што го погоди во неделата, објави јавниот радиодифузен сервис НХК, повикувајќи се на локални претставници.
„Досега, четири лица се спасени и ниту еден од нивните животи не е во опасност“, објави НХК, а пренесува Си-Ен-Ен.
Сепак, НХК ги цитираше локалните претставници кои изјавија дека уште 10 лица се водат како исчезнати.
Локалните власти претходно изјавија дека експлозијата што го предизвикала делумното уривање можеби е предизвикана од истекување на гас по земјотресот, објави ТВ Асахи.
Истрагите се во тек.
