Зборувајќи за продуктивноста, Горан Рафајловски во Бизнис 21 рече дека во Македонија е најниска во Европа. Рафајловски зборуваше и за јавната администрација, и кажа дека и таму има луѓе кои работат, и покрај тоа што генерална е сликата дека не се работи.
„Македонија има најслаба продуктивност во Европа. Соодветно на тоа може да бидат и платите најниски. Тоа се бројките. Цело време се критикува администрацијата. И таму има луѓе што работат. Нема секаде само мрзеливи и лоши луше, има и добри и тоа е вистината. Нема да ни бегаат малдите ако им обезбедиме реален живот“, изјави Рафајловски.
