Вечерва во Бизнис 21 разговараме со стопанственикот Горан Рафајловски. Рафајловски, кој после неколку години се појавува на ТВ екраните, за оваа влада вели дека гледа желба кај премиерот Мицкоски за да помогне за да напредува државата, но дека има сомневање на неговиот тим.
„Променета е желбата, но реализацијата е на лошо ниво. А, желбата е променета. Значи, согласно разговорите кои сум ги имал со премиерот, желбата му е извонредна, мислам човекот стварно сака, и сака да помогне во Македонија, но од друга страна тимот кој го има избрано не му ја врши работата, или пак не знае да ја врши работата. Кога ќе дојдете на одредено место, не е важно вие да бидете министер или да имате некоја функција. Треба да имате план. Треба да се заборават тие огромни програми кои ги прават партиите пред изборите. Македонија е мала земја. Нас ни треба сериозни пријатели и инвеститори кои ќе вложат кај нас“, рече Рафајловски.
