Горан Рафајловски во Бизнис 21 на ТВ21 вечерва зборуваше за разни економски теми. Сопственикот на „Рафајловски консталтинг“ кажа дека потегот на Владата да подели 250 милиони евра на стопанството, беше одличен потег.
„Стопанството стана зависно од државата, толку зависно од тендерите, да луѓето заборавија да работат бизнис. Ако вие размислувате микро, тогаш нема да имате стопанство. Одличен потегот на Владата да подели 250 милиони евра на стопанството, и 250 милиони на општините “, рече Рафајловски.
