Ракета на SpaceX се движи кон Месечината и може да се урне во неа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ракетата SpaceX на Илон Маск неконтролирано се движи кон Месечината и најверојатно ќе се урне во неа.

Ракетата беше лансирана во 2015 година и ја исполни својата мисија, но нејзиното гориво не беше доволно за да се врати на Земјата и остана во вселената.

Според астрономите, ова ќе биде првиот познат судир на ракета со Месечината. Сепак, последиците ќе бидат минимални, велат научниците.

Ракетата е дел од програмата за истражување на вселената на SpaceX, чија амбиција е да транспортира луѓе на различни планети.