Ракетен напад врз ирачка воена база во Киркук

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва е извршен ракетен напад врз ирачката воена база во Киркук, во која се сместени американси војници, јавува АФП, повикувајќи се на безбедносни извори од Ирак и САД.

Засега нема информации за тоа дали некој загинал или е ранет во нападот.

Уште не е познато кој ги испалил ракетите кон базата.