Ракометарите на Алкалоид со победа над Ла Риоха го завршија учеството во Европската лига

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид, вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје го совлада шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха со 28:27. Ова беше натпревар од последното, 6. коло во Ф-групата на ЕХФ Европската лига.

Најмногу голови во домашниот состав постигна Марко Митев – 10, значаен придонес имаше голманот Иван Галевски се истакна со 17 одбрани

Својата прва сезона на европската сцена Алкалоид ја заврши со три освоени бода доволно за 3. место во групата.

На другиот натпревар од оваа група, вечерва во Данска, Силкеборг ја победи Војводина со 26:22.

Табела: Силкеборг 10 бода, Војводина 8, Алкалоид 3, Ла Риоха 3.

Двете првопласирани екипи обезбедија пласман во следната фаза.