Ракометарите на Вардар не полетаа за Париз, дуелот со ПСЖ е откажан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дуелот помеѓу ПСЖ и Вардар во рамките од ракометната Лига на шампионите, ќе биде откажан поради тоа што Вардарци не полетале за Париз попладнево, пренесува „Спортмедиа“.

Порталот пренесува за можни две причини. Едната е поради ковид-протоколите во Франција, каде на сила е полициски час во вечерните часови.

Втората причина е дека во Вардар има двајца позитивни на ПЦР тестовите непосредно пред патувањето во Франција. Но, не станувало збор за некои од играчите и стручниот штаб, туку двајца од останатите вработени.