Ракометарките на Македонија ја победија и Грција, со максимални три победи одат во баражот за СП 2021

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската женска ракометна репрезентација со максимални три победи ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Скопје. Вечерва совладана е Грција со 20:19. До триумфот избраничките на селекторот Симе Симовски дојдоа потешко од очекувањата. На полувремето гостите имаа предност од 13:10.

Најефикасна во таборот на „црвено-жолтите“ беше Сара Ристовска со 10 погодоци, а меѓу најзаслужните за позитивниот резултат е и голманката Мицевска со девет одбрани од кои и последниот шут на противничките во самиот финиш од мечот.

Со шест бода Македонките се пласираа во баражот за Светското првенство во Шпанија 2021.

Вториот патник во плејофот од квалификациите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде познат по вечерашниот дуел Исланд – Литванија.