Ракометниот клуб Металург оди во изолација поради позитивен играч на коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Цел тим на ракометниот клуб „Металург“ ќе оди во изолација бидејќи кај еден од играчите потврден е коронавирус.

“Поради втор позитивен случај со симптоми дијагностициран денес, а за кого резултатите од тестот пристигнаа во 19 часот, ја одложивме средбата со Младост од Богданци. Целиот тим на Металург, вклучително и стручниот штаб, ќе оди во изолација од 14 дена, поради незаштитен контакт со позитивниот случај. Секако ќе бараме одложување и на натпреварот со Висла во Лигата на Европа“, изјави претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Ова решение доаѓа поради незаштитен контакт на ракомеатрот, кој покажувал симптоми, при заеднички оброци и тренинзи со останатите.

На последната владина седница, Владата го одби барањето на Ракометната федерација на Македонија за натпреварите да се одржуваат со публика.