Ракот на дојка не е неизлечива болест – Андријана: „Ракот бега кога ќе не може да те препознае“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четириесет и едногодишната Андријана Мациевска е сликарка на која пред една година во очи роденденот и бил дијагностициран канцер на дојка со метастази на коски, карлица, црн дроб и половината. Пред дијагнозата имала големи болки во половината. Не можела да станува да се наведнува па била препраќана на физиотерапевти. Болките се зголемувале додека не дошла до степен да не може да оди и била хоспитализирана во количка на Клиниката за онкологија

„Мајка ми ме внесе во инвалидска количка, а јас пред 3 години на Онкологија работев на еден проект со кој ги цртавме ходниците на Онкологија и имав свој цртеж каде буквално беа испишани сите афирмации за ракот од познатата писателка Лујза Хеј. Беше инетересно, мене мајка ми ме турка со количката јас во големи болки и само си го погледнав својот цртеж и не можев да поверувам дека после три години јас сум пациент на Клиниката за онкологија.“, рече Андријана.

Доктор Нино Васов и ветил на Андријана дека за еден месец ќе застане на нозе. После бројни инфузии, хемотерапии, Андријана не само што после една година е на нозе, туку може сама да облече патики, да се движи, да ја однесе ќерката и на факултет која е студент на Драмски, па да дури и да вози и да не посети во ТВ21.

Навистина е пријатно друштво, а позитивниот став и состојбата на умот вели се најбитно во борбата против ракот. Или како што вели: „ Ракот бега кога ќе не може да те препознае“, а те менува за 360 степени.

Доктор Васов вели дека потребно редовно да се прави мамографија и ехо да се следи состојбата, бидејќи што порано се открие толку полесно е лекувањето.

-Раното откривање е најважно во лечењето на ракот на дојка. Затоа и постојат кампањи за подигање на свесноста од заболување на рак на дојка, дека секој може да заболи од рак на дојка, тука нема селекција ни по пол, ни по нација, ни по години . Затоа мојот совет е дека раното откривање почнува од нас“, рече Андријана.

Најмладата пациентка со рак на дојка има само 17 години, а во Македонија дневно заболуваат 3-4 жени, или 1200 жени годишно. Карциномот на дојка е втор најчест карцином по број на заболени. Виница, Кочани, Св.Николе се општините во кои оваа болест зема замав последните години, според податоците од минатата година,потсетуваме во месецот на борба против рак на дојка.