Рама: Во Албанија од четврток задолжително носење маска и на отворено, казните во сметките за струја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од четврток во Албанија се воведува задолжтелно носење заштитна маска и на отворен простор, најави премиерот Еди Рама, на денешната прес конференција.

-Оваа мерка за превенција од коронавирус ќе стапи во сила в четврток, 15 септември. Сите граѓани се обврзани да носат маска насекаде, на улица, на секој јавен простор, освен дома и угостителски објект каде што ќе седат на маса за да го потрошат тој дел од времето таму, рече Рама.

Додаде дека маската не е задолжителна само во Албанија, туку и во многу земји во светот, посочувајќи дека казните за непочитување на мерката ќе бидат ригорозни и ќе се внесуваат во сметките за потрошена електрична енергија.

– Ниту еден поединец нека не се надева дека ќе ја избегне казната. Сите земји од регионот се движат кон оваа мерка. Ние сме во битка да ги систематизираме односите со сите служби и сите бизниси со тоа што ќе се ослободиме од оние инспектори кои за разлика од повеќето ги уништуваат овие односи. Државната и општинската полиција ќе ја контролираат целата територија и ќе бидат со нулта толеранција за секој кој нема да носи заштитна маска. Се надевам на совеста на граѓаните, изјави Рама.