Рамсторе Македонија го отвори новиот Рамсторе Експрес маркет во
комплексот Џевахир Ckaj Сити во блок А.
Модерно дизајнираниот маркет се простира на површина од 250 м2, располага со 2 наплатни каси, 15 паркинг места, а за услугата ќе се погрижи тим од 12 вработени.
Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, свежо месо, топол леб и вкусни пекарски производи, како и повеќе од 3000 други производи достапни 365 дена во годината. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 08:00 до 22:00 часот.

Големиот број на промоции, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет кои ќе траат до 22 Август, а покрај големите попусти потрошувачите можат да ја искористат и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето.
Рамсторе Македонија и оваа година го продолжува инвестицискиот раст и развој во земјата преку најавата на новите активности и отворање на уште 4 нови маркети до крајот на годината.
Рамсторе, кој во Македонија почна да функционира на 11.јуни 2005 година, од неодамна е дел од СИТИ ПЛАЗА Холдинг кој е присутен на македонскиот пазар 16 години.
