Рамуш Харадинај повика на нови избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, повика на нови избори поради политичкиот ќор-сокак што се појави по слободното место на претседателот на Косово.

Харадинај вели дека изборите се единственото решение доколку не се постигне договор меѓу членовите на владејачката коалиција ЛДК-АБК-Иницијатива.

„Подготвен сум да разговарам за прашањето за Претседателот. Алијансата јасно ја истакна својата позиција. Во овие околности изборите се решение“, рече Харадинај.

Потсетуваме, дека беше потврдено обвинението на Специјалниот судски совет во Хаг со што го принуди Хашим Тачи да се повлече од претседателската функција. Со ова претседателката на косовскиот парламент Вјоса Османи стана шеф на државата.