Расчистен случајот со разбојништвото во Илинден, уапсени двајца осомничени и против нив е поднесена кривична пријава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата го расчисти разбојништвото што се случило на почетокот на јули во населбата Илинден во Скопје, при што се уапсени две лица осомничени за кривичното дело.

Станува збор за двајца 26-годишници од селото Бреза, кои на 4 јули, според сомнежите, физички нападнале 28-годишен жител на Арачиново, удирајќи го и со дрвен предмет, а потоа, под закана со оружје, му ги одзеле парите.

Осомничените биле уапсени на 8 август на улицата „Јани Лукровски“.

Во координација со јавниот обвинител, против нив е поднесена кривична пријава и тие биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им определил мерки на претпазливост.