Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, кој се бара по наредба на Основниот суд во Кочани.
Лазаров е ставен на централна и меѓународна потерница поради постоење сомнение за сторено кривично дело според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Од МВР информираат дека потерницата е распишана по барање на Основниот суд Кочани, откако лицето претходно избега од Полициската станица во Кочани.
