Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека постапката е распишана во соработка со ЕБОР, по период во кој, како што рече, биле надминувани низа пречки и предизвици поврзани со проектот.
Процесот за аплицирање ќе трае до 2 ноември, а Ѓорѓиевски ги повика заинтересираните компании од земјата и регионот да учествуваат на тендерот, со цел да се обезбеди поголема конкуренција.
Според него, БРТ е еден од трите клучни проекти поврзани со градскиот транспорт во Скопје. Тој најави дека со реализацијата на БРТ, набавката на 100 нови автобуси и развојот на градскиот воз и железничкиот транспорт, ќе се создадат услови за модерен и еколошки јавен превоз со повеќе алтернативи за граѓаните.
Ѓорѓиевски очекува БРТ системот да биде ставен во функција до крајот на неговиот мандат.
