Расправија пред Универзална сала, градоначалничката на Скопје Арсовска се скара со архитектите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Расправија пред Универзална сала во Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се скара со претседателката на собранието на Асоцијација на архитекти, како и со проектантот кој го донираше проектот за реновирање на салата.
Арсовска настојува дека сегашниот објект не е безбеден и дека тоа го знаел и нејзиниот претходник, Петре Шилегов, но и покрај тоа не ја прекинала работата поради локалните избори.

Проектантот Бујар Муча уверува дека проектот е безбеден.

Министерката за култура пак, Бисера Костадиновска-Стојчевска повика изградбата на универзална да продолжи. Овој објект е многу важен за културата, за скопјани и за целата држава и претставува симбол на солидарноста, заклучи министерката Костановска.

Никој не успеа да ја убеди Арсовска дека објектот е безбеден, па по архитектот, си замина и проектантот. Арсовска рече дека објектот ќе биде реконструиран, но со друг проект, кој според неа, нема да претставува опасност за граѓаните.