Инверторите кои ги вети Владата од септември минатата година за домаќинствата во најзагадените општини, се уште не се до никаде. Васко Ковачевски, директор на Електрани, се надева дека нивната распределба ќе се случи до 15 април.
10 милиони евра обезбедени од Национални електрани за субвенционирање на инвенторите, се распределени во 4 најзагадени општини, Битола, Кичево, Тетово и Скопје, но речиси ниедна од нив не ги започнала процедурите.
Пред 10 дена градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вети дека наскоро ќе упати апел за субвенции но такво нешто се уште не се случило.
Владината мерка предвидува 10 семејства да добијат по илјада евра за купување инвертор. Предвидено е 5200 инвертори да се поделат во Скопје, по 2500 во Тетово и Битола и 800 во Кичево, а следните години и во други градови. Субвенциите за инверторите се една од ерките за намалување на загаденоста на воздухот во најзагадените градови. Со оваа мерка се предвидува да се смени начинот на греење на домаќинствата. Тоа значи да се отстранат шпоретите на дрва и наместо нив да се постават инвертори. Тие се предвидува да се распределат во места каде нема систем за централно греење и гасификација.
