Расте бројот, 259 заразени и шест жртви – 31-годишно момче најмлада жртва на Ковид-19 во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

31 годишен е најмладиот пациент кој почина од коронавирус во Македонија. Почина и 91 годишник. Со овие две жртви бројот се искачи на 6. Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека бројот на заразени во последните 24 часа изнесува 18, а вкупниот број 259.

Во меѓувреме, што се однесува до пациентката од Струга која почина вчера, Филипче најави одговорност. За почеток ќе биде разрешена директорката на болницата ,а потоа ќе се бара одговорност од сите кои биле вклучени во овој случај.

Министерот за здравство додаде дека бројот на заразени расте линеарно. За жал ќе расте и бројот на починати бидејќи секој ден расте бројот на заразени. По смртта на 31 годишен пациент, министерот рече дека со ова се потврдува дека и младите не се имуни на овој вирус.