Расте бројот на починати и заразени од коронавирусот во САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на починати лица од коронавирусот во САД достигна до 12 лица, а во изминатите 24 часа регистрирани се нови 53 заболени. За прв пат вирусот се појавил во Колорадо, Тексас и Сан Франциско.

Во Сан Франциско на крузер најмалку 35 лица се пожалиле на симптоми на грип, а кај двајца патници било потврдено присуство на коронавирусот. Во моментов бродот е под карантин, а тестовите со хеликоптер се пренесени на тестирање.

Во моментов се заразени повеќе од 95 илјади лица, а од Кина, вирусот се проширил низ 80 земји во Светот.