Расте бројот на заболени во Турција, во Австрија втор смртен случај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Австријците кои се наоѓаат во странство, треба итно да се вратат, порача канцеларот Себастијан Курц најавувајќи потполно откажување на сите летови.

Курц потврди дека авиосообраќајот е на минимално ниво, а штом сите Австријци се вратат дома, ќе биде стопиран целосно.

Австрија во текот на ноќта го забележа вториот смртен случај. Таа имала и други болести.

Расте бројот на заболени во Турција. Потврдени се нови 12 заразени, со што вкупниот број на заболени се искачи на 18 лица, што е најголемиот скок за еден ден во таа земја.