Разорен земјотрес ги погоди Филипини, пријавени жртви, урнати згради…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер, го погоди еден од јужните острови на Филипини. Засега бројката на загинати се најмалку 15 лица. Спасувачки операции се во тек откако се регистрирани неколку урнати згради.

Според Родриго Сосмења, директор на локалната канцеларија за цивилна заштита, дури 12 смртни случаи биле регистрирани во регионот Соцсксарген, кој ги опфаќа провинциите Јужен Котабато, Султан Кударат и Сарангани и градот Генерал Сантос.

Сосмења додаде дека најмалку 129 лица се повредени во регионот, додека спасувачките и службите за итни случаи продолжуваат да ја проценуваат големината на штетата и да бараат можни жртви.

Мали цунами бранови се регистрирани на шест локации на филипинскиот остров Минданао откако силен земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди јужниот брег на земјата, објави Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Земјотресот го оштети и аеродромот во земјата. Во меѓувреме предупредувањето за цунами е укинато.