Реакции за јазичните карти на МАНУ – „Косово не е прикажан како сосед бидејќи картите се од 70-тите“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема ништо спорно во објавените карти на Јазичниот атлас на македонските дијалекти издаден од МАНУ бидејќи тие се однесуваат за 70-тите години, вели академик Изет Зеќири за ТВ21. Деновиве во јавноста и од Тетовскиот универзитет имаше реакции откако во оваа публикација беа  објавени карти во кој Македонија не е наведено дека е сосед и се граничи со Косово.

„Картите во кои се претставува Македонија и соседните земји каде граничи со Албанија, Грција, Бугарија и Србија а Косово е ставена во заграда и е во рамките на северниот сосед е поради тоа што тогаш Косово беше дел од Србија и затоа е така обележан. А овие карти се однесуваат на периодот од 70-тите години, така што нема ништо спорно во тоа и нема никаква провокација како што тоа се претстави во јавноста“, истакна Изет Зеќири.

За ова и самите академици Изет Зеќири, Абдулменаф Беџети  и Али Алиу издадоа соопштение во кое се наведува дека Јазичниот атлас на македонските дијалекти е направена според материјали на општојугословенскиот јазичен атлас и старите документи што беа објавени беа преземени и цитирани.

„Во предговорот на публикацијата е јасно напишано од кои томови објавени од Општословенскиот јазичен атлас се земени јазичните мапи што се објавени во 70-те години на 20 век, каде што Косово не беше независна држава и истите се цитираат како такви. Значи, станува збор за историски материјали собрани во 70-те години на минатиот век и цитирани како такви“.

Во реакцијата најгласна беше Катедрата за историја на Филозофскиот факултет на Државниот Тетовски универзитет во кој оваа публикација беше оценета како провокација и се бараше МАНУ да го повлече делото.  МАНУ Лингвистичкиот атлас ја објави во мај минатата година во кој се презентирани 50 дијалектни карти и легенди кои ја покриваат македонската дијалектна територија .

Но ова не е единствен случај на МАНУ кој предизвика реакции во јавноста. Пред неколку дена претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев во интервју за Слободен печат рече дека Македонија е геополитичка лабораторија на големи играчи кои ги тестираат нивните рецепти за соживот и стабилност. Тој во ова интервју, Македонија ја нарече експеримент, центар за регионална дестабилизација и брод кој тоне. МАНУ е позната и по Енциклопедијата објавена во 2009, со која се навредуваат Албанците нарекувајќи ги “планински луѓе“, која подоцна беше повлечена.