Реакции за ПЦР тестот на границите – Косово со контра мерки, Филипче порачува дека одлуката нема да се смени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И да го информиравме ден пред тоа министерот на Косоово дека ќе воведеме услов за влез во Македонија со ПЦР тест, ништо немаше да се смени, бидејќи одлуката следуваше по разгледувањето на податоците за состојбата со Ковид-19 во земјите од регионот.

На овој начин му одговори министерот Филипче на својот колега од Косово, Армен Земај.

Ваквата изјава на Филипче следуваше по реакцијата на министерот за здравство на Косово, Арменд Земај кој одлуката за враќање на мерките на границата за нивните државјани ја оцени како неправедна и рече дека не бил претходно информиран.

Земај најави дека ќе ја анализира состојбата и не ја отфрли можноста и Косово да воведе услови за државјаните на Северна Македонија. За ова коментираше и Филипче.

Инаку, од ноќеска на полноќ државјаните на Косово, БиХ, Црна Гора и Србија за влез во нашата земја треба да покажат негативен ПЦР тест за Ковид-19 не постар од 72 часа. Заедно со тоа, тие се обврзани и да потпишат изјава за местото и времетраењето на престојот во нашата земја.