Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по коалицијата СДСМ-ДУИ: Она што ги обединува е криминалот, корупцијата и лагите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека старо-новата коалиција е само продолжување на лагите и корупцијата, а не за напредок на државата. Додаваат дека со оваа коалиција Европската иднина на државата ќе остане далечна, а правдата недостижна.

„Заев за ДУИ сметаше и изјавуваше дека пет пари не вреди, дека време им е за опозиција, дека во Мала Речица било седиштето на криминалот. Потпретседателот на СДСМ Зекири сметаше дека ДУИ е канцерот во македонското општество. А од ДУИ сметаа дека СДСМ ги интересира само тендери и дека ја лажат македонската јавност.Денес имаме коалиција меѓу СДСМ и ДУИ за заштита на тендерите, бизнисите и криминалот. Денес имаме значи коалиција за влада која не вреди 5 пари, која е канцер на македонското општество и која е извор на криминалот“, рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ