Во Германија, најмалку 193 полицајци се под дисциплински постапки или истраги поради сомнителни десничарски екстремистички верувања или склоност кон теории на заговор, објавија германското списание „Штерн“ и телевизијата RTL, повикувајќи се на податоци од германската полиција.
Тие медиуми објавија дека бројот на вакви акции против полицајци би можел да биде поголем, бидејќи германските сојузни покраини Северна Рајна-Вестфалија и Мекленбург-Западна Померанија и Берлин не можеа да обезбедат прецизни податоци.
