Речиси 400 илјади граѓани се заинтересирани за вакцинација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство денеска информираше дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

„Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 395.776 граѓани“, додаваат од таму.

Во државата вкупно се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.

За вакцинација можете да се пријавите преку веб страницата vakcinacija.mk и преку својот матичен лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: