Министерството за здравство на Газа денеска соопшти дека од почетокот на војната со Израел загинале вкупно 44.930 луѓе.
Во последните 24 часа загинале најмалку 55 лица, а од почетокот на војната 106.624 се ранети, се наведува во соопштението.
Војната во Газа започна со ненадеен напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Нови израелски напади врз воени локации во Дамаск и неговите предградија се регистрирани рано во саботата, речиси една недела откако градот падна во рацете на бунтовниците, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Откако минатата недела беше соборен поранешниот претседател Башар ал Асад, Израел неколку стотини пати нападна воени постројки во Сирија.
„Израелските напади уништија научен институт и некои други воени постројки во близина на Барза во североисточниот дел на Дамаск, а цел беше и воениот аеродром“, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Цел на нападите биле и „складиштето на балистички ракети“ во Дамаск, се додава во соопштението.
