Речиси 500 илјади граѓани заинтересирани за вакцинација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 496,228 граѓани. 

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 408.953 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 8.355 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.393 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 652.680 дози вакцини, а ревакцинирани се 243.727 граѓани.