Реџепи во ЕУ КЛИК: Економската криза е предизвикана од здравствен извор, со крајот на пандемијата ќе заврши и кризата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Гадаф Реџепи, професорот по економија во ЕУ КЛИК на ТВ21 рече дека очекува кризата да заврши кога ќе се стави крај на пандемијата со коронавирусот. Тој истакна дека е многу важно да се дефинира кој е изворот на кризата.

-Мислам дека светот, односно најважните економии, а и Македонија веќе се во рецесија, иако не е прогласена. Економистите знаат дека треба да поминат два квартала па тогаш да биде прогласена. Тоа е добропознато, односно јасно е дека и ние, но и целиот свет е во рецесија. Она за што треба да водиме сметка кога станува збор за економската криза….јас би ја нарекол економски шок, бидејќи се надевам да биде само шок, а не класична економска криза….  Кој е изворот на кризата?  Многу е важно да се знае изворот на кризата. Во овој случај станува збор за криза при што изворот е неекономски фактор. Тоа е  здравствена криза која се одразува во економска криза. На некој начин, зборуваме за долгорочно и среднорочно, тоа е позитивно бидејќи од изворот на кризата зависи колку брзо ќе се опорави една економија. Кога имаме неекономски фактор, доколку се отстрани тој фактор, економијата многу брзо,  да не мислиме за месец или два, ќе се врати во нормала. Предвидувањата на сите релевантни институции  2021 година веднаш ќе има стабилен раст но и светската економија исто така. Според најоптимистичкиот случај, доколку ова заврши наскоро, во Македонија, но да не заборавиме и во светот, ние сме . . . . економија,  посебно во Германија , доколку ние како држава го поминеме  овој предизвик, Германија се уште се соочува, ние пак ќе имаме економски проблеми или и другите држави. Најважно е да имаме предвид дека сме зависни и од внатрешната и од надворешната економија. Во случај здравствената криза да се надмине брзо, можеме да очекуваме за 2-3 месеци да почне да се стабилизира економијата. Сето ова го велам во случај да се стабилизира и светската економија. Во спротивно ќе имаме големи проблеми. Тоа што е најсигурно, во случај кризата да се врати уште еднаш во септември или октомври, тогаш кризата ќе биде многу поголема за помалите економии, тогаш ќе биде и потешко да се земе заем и компаниите ќе бидат „повредени“ и тоа ќе биде многу поголема криза за секој менаџер  или Влада во светот-рече Реџепи.