Реџепи за ТВ21: Владата располага со 61 пратеник, ќе дознаете кој е 61-от

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Околу Кастриот Реџепи во последниот период се крена многу врева. Пратеникот кој се потпиша на иницијативата, потоа одби да гласа против рушењето на владата вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21 каде што ги откри миговите кога беше најбараниот пратеник, со оглед дека се потпиша на иницијативата за гласање на пад на владата, а потоа на денот кога требаше да се гласа го немаше никаде, односно не се појави во Собранието.

Реџепи за ТВ21 откри дека Владата во моментов има собраниско мнозинство, односно дека има 61 пратеник и дека наскоро ќе дознаеме кој е 61-от.

Реџепи: Владата има 61 пратеник!
ТВ21: Како 61, кој е 61-от?
Реџепи: Ќе видите деновиве, не можам да кажам, но има 61. Сигурен сум. Како што не знаевте за мене дека нема да гласам за рушење на владата, така не знаете кој ќе биде 61-виот, но ќе дознаете.