Редици пред банките, блокирани сметки – извршителите ја земаа помошта на граѓаните од 6000 денари?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Десетици граѓаните чекаат ред пред банка да подигнат 6 илјади денари, помош од четвртиот пакет мерки на Владата. Парите за разлика од предходната мерка каде можеше само да се искористат со трошење на домашни производи, овој пат граѓаните можат да ги подигнат во готовина и да ги трошат без рокови и ограничувања. Многумина не се информирани. Не знаат дали има следува помошта, па чекаат ред за да видат дали им е префрлено нешто на трансакциската смета.  

„Имам две деца кои не работат, па не знам дали ќе добијат, се уште не се знае. Сега чекам да ми кажат дали има или нема“, вели граѓанка.

„Жената има примања од 10 илјади денари, но уште нема добиено. Дали ќе добие не знам“, посочи граѓанин.

„Да, ќе ги земам чекам за тоа. Не сум земала предходно, прв пат ова“, вели граѓанка.

„Ќе видиме сега, не знам, јас затоа сум дојден тука“, додава граѓанин.

Ана Глигорова од Здружението “Човекот над профитот” вели дека до нив пристигнале десетици поплаки од граѓани кои не можат да ги подигнат 6-те илјади денари затоа што сметките им се блокирани од извршителите.

„180 илјади блокирани сметки на физички лица. Тоа е голем број од граѓани на кои им се блокирани сметките и тие не можат да ги подигнат парите. Еве една ќе ви прочитам, ја добив пред половина час. Вели:„Здраво Ана, четвртиот сет мерки ми следува мене парите ми се префрлени во една банка, но нема начин да се земат затоа што ми е блокирана сметката. Не знам кај да се обратам. Дали има решение? Сакам да останам анонимна“, вели Ана Глигорова.

Бараат од Владата да најде решение, односно извршителите да стават мораториум за овие пари да можат да ги искористат граѓаните кои немаат никакви примања. Од Владата велат дека направиле се за полесно граѓаните да ги добијат парите. Сепак, конкретен одговор за овој проблем немаат.

„Владата направи се да го отстани сите административни процедури за оваа помош да дојде до поширокиот круг на граѓани. За ова што прашувате конкретно не расправала Владата, доколку има нешто на дневен ред и како идеја и како одлука ќе го споделиме со јавноста“, посочи Душко Арсовски.

Финансиската поддршка е наменета за речиси 283.000 граѓани од ранливите категории. По 6 илјади денари на сметка треба да добијат граѓаните со ниски примања, пензионери кои имаат помала пензија од 15илјади денари, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители и деца без родители, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, уметници и други лица кои вршат дејност во културата.